Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа уште 4 лица, регистрирани 48 новозаразени

Во земјата во моментот активни се 2.303 случаи на Ковид-19

Furkan Abdula   | 28.09.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа уште 4 лица, регистрирани 48 новозаразени

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 48 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 17.674, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 729.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.642.

Во моментот активни се 2.303 случаи на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 185.708 тестирање за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın