Балкан

Северна Македонија годинава домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуствата и научените лекции за моменталните и идните предизвици во областа на стратешките комуникации

Furkan Abdula  | 09.01.2022 - Обновена : 10.01.2022
Северна Македонија годинава домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Скопје

Северна Македонија оваа година ќе биде домаќин на Годишната конференција за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Северна Македонија.

„Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата, која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации“, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека на Конференцијата што ќе се одржи наесен, во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратешки комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.

Според соопштеното, Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуствата и научените лекции за моменталните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации.

„За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации“, се нагласува во ова соопштение.

„Министерството за одбрана ја доби довербата од сојузниците да ја организира оваа конференција во Скопје уште во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Во 2020 и во 2021 година, Конференцијата се одржа со видеоконференциска врска“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана на Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın