Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последното деноноќие регистрирани се 152 лица позитивни на Ковид-19, 2 починати

- Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, при што се регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19

Oktaj Omeragikj   | 24.09.2020
Северна Македонија: Во последното деноноќие регистрирани се 152 лица позитивни на Ковид-19, 2 починати

СКОПЈЕ 

Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, при што се регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период во болнички услови починаа две лица.

Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, додека бројката на оздравени пациенти е 14.312.

Досега животот го загубија 712 како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.176.

Во Северна Македонија досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.