Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 843 нови случаи на Ковид-19
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 333 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 94.275

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 843 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 106.110, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 11 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.176.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 333 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 94.275.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.659.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.519 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања.