Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се две лица

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.270

Ekipa   | 18.05.2021
Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се две лица

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 83 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.804, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се две починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.232.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 146.302.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.270.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.704 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın