Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 361 случај на Ковид-19

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 14 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.696

Ekipa   | 16.01.2021
Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 361 случај на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 361 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 88.749, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 14 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.696.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.116 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 71.592.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 14.461.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.176 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 430.182 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın