Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 190 новозаразени со Ковид-19, починати 6 лица

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.702

Ekipa   | 17.01.2021
Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 190 новозаразени со Ковид-19, починати 6 лица

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 190 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 88.938, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.702.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.009 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 73.601.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 12.635.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.530 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın