Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 123 нови случаи на Ковид-19, починати се 17 лица

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 6.257

Ekipa   | 13.05.2021
Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 123 нови случаи на Ковид-19, починати се 17 лица

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 123 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.494, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 17 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.168.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 3.803 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 143.069.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.257.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.598 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın