Балкан, Коронавирус

Рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во балканските земји

Во Хрватска во изминатите 24 часа евидентирани се 1.424 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2 и 11 починати лица

Stipe Majic, Dejan Maksimovic, Bojana Stojanovic   | 21.10.2020
Рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во балканските земји

ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа забележани се рекордни бројки на заразени од новиот тип коронавирус, Ковид-19, во балканските држави, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Хрватска во изминатите 24 часа евидентирани се 1.424 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2 и 11 починати лица.

Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува вкупно 6.459.

Меѓу нив 622 пациенти се на болничко лекување, од кои 38 се на респиратори.

Во изминатото деноноќие починаа 11 заразени.

„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 28.287 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 393 починаа, вкупно 21.435 лица оздравеа, од кои 473 во последните 24 часа“, соопштија од Главниот штаб.

Во самоизолација моментално се 24.242 лица.

До денес тестирани се вкупно 411.947 лица, од кои 5.428 во последните 24 часа.

- БиХ: Нов дневен рекорд од 922 случаи на Ковид-19 -

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се потврдени 922 случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број во еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравство, во последните 24 часа од последиците на вирусот починале 14 лица.

Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ биле пријавени 2.278 примероци, од кои 654 се позитивни на Ковид-19. Нови случаи се регистрирани во сите кантони.

Досега се тестирани вкупно 186.395 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 23.621 лице. Заклучно со денеска, во ФБиХ се излекувани 17.935 пациенти, а во текот на изминатите 25 часа излекувани се 176 пациенти. Моментално се активни 5.021 случај на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравје на ФБиХ се пријавени 12 нови смртни случаи. Со денешниот ден, вкупниот број на смртни исходи на подрачјето на ФБиХ се 665 лица, и тоа 447 мажи и 218 жени.

Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, во последните 24 часа, тестирани се 730 лабораториски примероци, а новиот коронавирус (SARS-CoV-2) е потврден кај 268 лица.

Во последните 24 часа, во Институтот за јавно здравство на РС се пријавени два смртни случаја кај кои беше потврдено присуството на новиот тип коронавирус.

Досега во овој ентитет се потврдени 12.325 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 345 лица кај кои е потврден Ковид-19.

Од вирусот досега се излекуваа вкупно 7.548, а тестирани се вкупно 91.892 лица.

Податоците од дистриктот Брчко не се објавени.

- Пораст на бројот на заболени од Ковид-19 во Србија: Регистрирани 512 новозаразени -

Во Србија едно лице почина од последиците на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, а во тој период е регистриран пораст на бројот на заразени кој изнесува 512.

До денес се хоспитализирани 490 лица, а вкупно се евидентирани 37.120 случаи на вирусот.

Од вчера тестирани се  7.425 лица, од кои 512 се позитивни на Ковид-19.

Во истиот период почина едно лице, со што бројот на смртни случаи досега се зголеми на 781. Процентот на смртност изнесува 2,10 отсто.

На респиратори се наоѓаат 27 пациенти.

Досега тестирани се 1.256.531 граѓани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın