Балкан

Регионот и оваа година во сенка на Ковид-19 го дочекува Рамазан

И оваа година, регионот, како и остатокот од светот, месецот на постот, Рамазан, го дочекуваат во сенката на пандемијата од коронавирусот (Ковид-19).

Fatjon Cuka,Agim Sulaj,Admir Fazlagikj   | 12.04.2021
Регионот и оваа година во сенка на Ковид-19 го дочекува Рамазан ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА

Во пресрет на почетокот на муслиманскиот месец на постот, Рамазан, граѓаните во регионот веќе неколку дена се подготвуваат за да го дочекаат месецот на постот, јавува Агенција Анадолија (АА).

И оваа година, регионот, како и остатокот од светот, месецот на постот, Рамазан, го дочекуваат во сенката на пандемијата од коронавирусот (Ковид-19).

На многу места традиционалните ифтари нема да бидат организирани со учество на многу луѓе, додека тарави намазот (ноќна молитва за време на месецот Рамазан) во некои места нема да се одржува во џамиите поради ограничувањата со цел спречување на ширењето на вирусот.

- Северна Македонија

Граѓаните на Република Северна Македонија ги вршат последните подготовки во пресрет на почетокот на Рамазан, кој и оваа година ќе биде во сенка на пандемијата од коронавирусот.

Поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во Северна Македонија во сила е полициски час од 20 до 5 часот, што ќе трае до 20 април. Поради тоа, и оваа година во овој период нема да се одржува терави намаз во џамиите. За да се заштитат верниците од ширењето на Ковид-19, ИВЗ на Северна Македонија ќе ја реализира рамазанската програма преку медиумите и социјалните мрежи.

Граѓаните на главниот град на Северна Македонија, Скопје, во пресрет на постот, низ пазарите и Старата скопска чаршија ги вршат последните подготовки, пазарувајќи на пазарот и во чаршијата, со цел да ги обезбедат потребните артикли. Поради состојбата предизвикана од пандемијата, атмосферата и на пазарот и во чаршијата е многу поразлична во споредба со изминатите години, но сепак може да се забележи раздвиженост и возбуда во пресрет на Рамазан.

- Албанија

Во последните денови, пазарите во Тирана се често посетувани места, каде што граѓаните купуваат прехранбени производи, но и други производи за подготовки за месецот на постот Рамазан.

Во Новиот пазар во Тирана граѓаните последните денови купуваат повеќе производи за да го пречекаат Рамазан.

Исто и во другите градови, трговците без разлика на пандемијата на Ковид-19 презеле мерки за да обезбедат различни видови храна што се бараат од страна на граѓаните за време на месецот Рамазан, почнувајќи од прехранбени производи, но и други производи.

Според новите мерки во Албанија, во сила останува ограничувањето за движење на граѓаните и за работата на рестораните од 22:00 до 6:00 часот, што ќе биде во сила наредните две недели.

- Косово

Во пресрет на месецот на постот Рамазан, на улиците на косовскиот главен град Приштина, но и во супермаркетите и пазарите се забележува поголема раздвиженост на граѓаните.

Граѓаните на Косово обично ден пред почетокот на Рамазан ги посетуваат пазарите со цел да се снабдат со потребните видови храна.

На зелениот пазар во Приштина продавачите продаваат сè повеќе карактеристични производи што се консумираат повеќе за време на Рамазан, како урми и смокви, како и други видови овошје и зеленчук.

Поради пандемијата на Ковид-19, Владата на Косово од 7 април ги затвори гастрономските објекти, кои имаат можност да работат со шалтерски систем, а се спроведува полициски час од 22:00 до 5:00 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.