Балкан

Рама: „Проектот на регионален шенген е стратешки проект"

Албанскиот премиер истакна дека Владата на Албанија е непоколеблива во ставот дека проектот на регионален шенген е стратешки проект, со извонредни економски, социјални, како и политички придобивки за целиот регион.

Fatjon Cuka   | 10.06.2021
Рама: „Проектот на регионален шенген е стратешки проект"

ТИРАНА

Премиерот на Албанија, Еди Рама и еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји, одржаа заедничка прес-конференција по завршувањето на пленарната сесија на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, во чиј фокус е економијата, регионалната соработка, како и инвестициите на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).

На овој самит учествуваа еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји; премиерот на Албанија, Еди Рама; премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев; премиерот на Косово, Албин Курти; претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ; премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Рама на прес-конференцијата рече дека денешниот Самит има посебна важност, и дека плановите за работа сега веќе се конкретни.

„Оваа средба има посебна важност од две причини. Прво, затоа што сите се собравме да го унапредиме процесот кој е важен за унапредување на реализацијата на четирите слободи на Европа во регионот. Од друга страна, затоа што овој процес веќе е поддржан од финансиски пакет во рамки на економски и инвестициски план на ЕУ, којшто од аспект на обемот на фондовите ставени на располагање за регионална соработка и основните подобрувања во патната, железничката и пристанишната инфраструктура, на целиот енергетски сектор, како и на дигитализацијата, претставува најголемото историско движење на Европската Унија кон Западниот Балкан“, нагласи Рама.

Албанскиот премиер истакна дека Владата на Албанија е непоколеблива во ставот дека проектот на регионален шенген е стратешки проект, со извонредни економски, социјални, како и политички придобивки за целиот регион.

- „Сакаме да ги организираме првите две меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија.“

Еврокомесарот Вархеји рече дека овој состанок бил за заедничката агенда на Западен Балкан, агенда која не се формира само од страна на Европската комисија, туку и од страна на самите лидери на Западен Балкан, и затоа, како што рече тој, оваа средба е важна.

„Ние сме подготвени повторно да ја потврдиме нашата ангажираност и посветеност која ја поставивме на маса со економскиот и инвестицискиот план, кој рековме дека мобилизира една третина од бруто-домашниот производ на регионот, речиси 30 милијарди евра во форма на инвестиции кои ќе доаѓаат во регионот. Но, овој економски и инвестициски план ќе ги даде своите резултати во случај самиот регион да работи за овој регионален пазар, и овој регион е и средината во која ќе функционира овој регионален пазар“, нагласи Вархеји.

Тој истакна дека сега веќе имаат договор со ЕУ за финансирање на овој план, и додаде: „Сакаме нашите партнери од Западен Балкан да започнат со овој план што е можно поскоро.“

Што се однесува до евроинтеграцијата, еврокомесарот рече: „Сакаме да ги организираме првите две меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın