Балкан

Рама: Имаме воспоставено стратешко партнерство со Турција

„Немаме никакви барања за промена на границите, за да земеме дел од Грција, Србија или пак од Македонија“

Fatjon Cuka   | 23.11.2016
Рама: Имаме воспоставено стратешко партнерство со Турција

Tirana

ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за грчката телевизија „Скаи“ се осврна на неколку прашања, конкретно на односите меѓу Грција и Албанија, последните тензии меѓу двете земји, односите со Турција и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, прашањето на Чемерија и други прашања, јавува Anadolu Agency (AA).

Рама меѓу другото изјави дека во стратегијата на надворешната политика на Албанија, Грција претставува стратешки партнер, и според него, и двете земји имаат многу нешта да споделат и многу нешта за заеднички успех и подобра иднина.

Рама се осврна на односите меѓу Грција и Албанија: „Во исто време, треба понекогаш да го погледнеме мозаикот, затоа што има блокирани прашања, коишто според мене треба да ги решиме преку дијалог, преку дарежливоста и меѓусебното разбирање и со јасно убедување дека интересите на Албанците и на Грците се поголеми од тоа што можат да го направат овие прашања. Тоа значи овие прашања да не пречат заедно да изградиме една подобра иднина. Живееме во еден балкански парадокс. Во исто време, имаме договор за пријателство со Грција и во исто време закон за војна“.

Рама во текот на интервјуто зборуваше и за односите на Албанија со Туција, конкретно меѓу него и претседателот Ердоган. „Не е тајна дека ние исто така имаме воспоставено стратешко партнерство со Туција. Не е тајна дека јас сум добар пријател со претседателот (Ердоган). Не е тајна дека имаме добри односи. Но сето ова се случи во едно врме кога ние бевме во опозиција и немавме никаков контакт со турската страна“, изјави Еди Рама.

Во врска со прашањето познато како „прашањето на Чемерија“, Рама изјави: „Јас не мислам дека е иредентистички да им кажеме на нашите деца каде живеле Албанците и не мислам дека е иредентистички да им кажеш на луѓето дека имало една област Чемерија, каде што живеле Албанци. За жал, тоа што го гледаме не е тоа што им кажуваме на нашите деца,. Замислете, луѓето не можат да патуваат, да одат таму каде што биле нивните куќи, таму каде што биле нивните семејства, зошто? Немаме никакви барања за промена на границите, за да земеме дел од Грција или од Србија, или пак од Македонија, со цел да направиме ‘Природна Албанија’“.

Меѓу другото, Рама изјави: „Ние имаме многу интересна историја, затоа што сме нација со 2 држави, ги имаме Албанија, Косово, имаме Албанци што жиевеат во Јужна Србија, во Македонија и во Црна Гора. А потоа? Нема никаков план, нема никаква идеја за соединување на овие територии во една Голема Албанија. Но можеме сите да бидеме дел од европското семејство, коешто навистина ќе биде големо ако нѐ вклучи сите внатре, како нејзини граѓани, и каде што границите се неважни кога станува збор за комуникацијата, размената и заедничкото живеење во една ист европски простор“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın