Балкан

Промовиран проект за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот

„Планирани се многу активности во рамките на овој проект, коишто се надевам во планираниот период од 21 месец ќе бидат успешно реализирани“

Husamedın Gına   | 14.02.2020
Промовиран проект за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот Фото: Husamedın Gına/AA

СКОПЈЕ (АА) – Во Владата на Република Северна Македонија денес беше промовиран твининг-проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот (НКСНЕБТ) и Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во соработка со Делегацијата на Европската Унија и со Агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Република Италија, го промовираа проектот за зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот.

По поздравните говори на промоцијата, координаторот на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Борче Петревски, и командантот на Единицата за специјални операции Карабиниери, генерал-мајор Пасквале Анџелосанто, дадоа изјава за медиумите.

Истакнувајќи дека ова е исклучително важен проект што е финансиран од Европската Унија, Борче Петревски рече дека проектот доаѓа во вистинско време затоа што постојат со нови безбедносни предизвици.

„Планирани се многу активности во рамките на овој проект, коишто се надевам во планираниот период од 21 месец ќе бидат успешно реализирани“, нагласи Петревски, истакнувајќи дека особено им е драго што пријателите од Италија ќе го споделат нивното искуство во борбата против тероризмот.

Командантот на Единицата за специјални операции Карабиниери, генерал-мајор Пасквале Анџелосанто, рече дека за него е огромна чест што може да учествува на твининг-проектот кој ја поттикнува соработката за спречување и борба против организираниот криминал и тероризмот.

„Корпусот на Карабиниери „ROS Carabinieri“ е многу задоволен што имаме можност да дадеме наш придонес, да го споделиме нашето знаење, особено во делот на нашето искуство во борбата против тероризмот, екстремизмот во изминатите децении којашто ја остваривме во многу разни ситуации и контексти“, рече Анџелосанто.

Тој, исто така, додаде дека Корпусот на Карабиниери е познат поради своето долгогодишно искуство, и дека се среќни што можат да ги споделат нивните специфични методи на работа коишто, како што рече, низ годините ги развиле, рафинирале и продлабочиле.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.