Балкан

Премиерот Спасовски: „27 март се запишува со златни букви во нашата историја“

„Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО. 27 март се запишува со златни букви во нашата историја", истакна Спасовски

Furkan Abdula   | 28.03.2020
Премиерот Спасовски: „27 март се запишува со златни букви во нашата историја“

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски, во врска со тоа што Северна Македонија стана 30- членка на НАТО истакна дека 27 март се запишува со златни букви во историјата на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Спасовски на социјалните мрежи реагираше во врска со тоа што неговата земја официјално стана 30. членка на НАТО Алијансата.

Премиерот на земјата нагласи дека денеска во Вашингтон го депонирале инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД).

„Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО. 27 март се запишува со златни букви во нашата историја. Ја остваривме првата од двете стратешки цели. Го исполнивме сонот на сите генерации кои се вградија во остварувањето на деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека од денеска се дел од глобалните процеси, и заедно со нивните партнери во Алијансата стануваат фактор за стабилност и безбедност во регионот, и заеднички со нивните сојузници ќе се справуваат со сите закани за сигурноста, безбедноста и ќе го чуваат мирот во светот.

„Да живее Република Северна Македонија – земја-членка на НАТО!“, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска истакна дека Северна Македонија стана 30. членка на НАТО по завршување на сите официјални процеси.

Потсетуваме, Протоколот за пристапување меѓу НАТО и Северна Македонија беше потпишан на 6 февруари 2019 година.

Во Собранието на Република Северна Македонија на 11 февруари оваа година на свечена седница го ратификуваше Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Северна Македонија на 12 јули 2018 година на Самитот на НАТО во Брисел доби повик да стане членка на Алијансата. Потоа, Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО е потпишан во седиштето на НАТО во Брисел во февруари минатата година.

Оттогаш почна процесот на ратификација на овој Протокол во парламентите на земјите членки на Алијансата, а беше финализиран на 17 март со ратификацијата на Шпанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın