Потврдено од Анкара: При лет во Хрватска изгубена врската со противпожарниот авион на Генералната дирекција за шумарство
- Турското Министерство за земјоделство и шумарство наведе дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом ќе се утврдат деталите
АНКАРА (АА) - Министерството за земјоделство и шумарство на Турција објави дека радиокомуникацијата со противпожарниот авион на Генералната дирекција за шуми (ОГМ), кој беше во Хрватска за планирано одржување, е прекината, јавува Анадолу.
Во објавата на социјалните мрежи Министерството истакна дека два авиона од типот AT802 што му припаѓаат на ОГМ полетале од Чанаккале на 12 ноември (среда) за Загреб, главниот град на Хрватска, за спроведување планирани активности за одржување.
„Поради метеоролошките услови, двата авиона ја поминаа ноќта на аеродромот во Риека во Хрватска. Во четврток, во 15:38 часот, тие полетаа кон аеродромот во Загреб, но поради временските неприлики, се вратија кон Риека. За време на повратната маршрута едниот авион безбедно слета на аеродромот во Риека, а со другиот авион е прекината радиоврската во 16:25 часот“, се наведува во соопштението.
Започнати се заеднички операции за пребарување и спасување во координација со хрватските служби за лоцирање на авионот и пронаоѓање на пилотот.
Министерството наведе дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом ќе се утврдат деталите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
