Балкан

Поранешниот грчки министер за одбрана осуден на 19 години затвор

Според она што се наведува во судската пресуда, Цохаѕопулос е осуден за корупција и перење пари во врска со договорот за купување германски подморници и руски противоздушен ракетен систем

Mehmet Hatipoğlu   | 31.10.2017
Поранешниот грчки министер за одбрана осуден на 19 години затвор

Gümülcine

АТИНА (АА) - Поранешниот грчки министер за одбрана, Акис Цохаѕопулос (78) е осуден на 19 години затвор поради перење пари, давање мито и затајување на данок, јавува Anadolu Agency (AA).

Според она што се наведува во судската пресуда, Цохаѕопулос е осуден за корупција и перење пари во врска со договорот за купување германски подморници и руски противоздушен ракетен систем.

Судот во Атина на крајот на постапката која траеше три години, донесе пресуда со која, со различни казни, е осуден не само поранешниот грчки министер, туку уште 16 лица, вклучувајќи ја неговата сопруга и ќерка.

Според одлуката на судот, Цохаѕопулос кој се наоѓа на условна слобода, повторно ќе заврши зад решетки.

Цохаѕопулос во март 2013 година беше осуден на осум години затвор поради поднесување на лажни извештаи за имот и приходи. Тогаш му беше одредена и парична казна од половина милион евра и му беше запленета куќата во центарот на Атина.

Откако во затвор помина речиси пет години, претходно во текот на оваа година беше пуштен на условна слобода со кауција од 200.000 евра.

Цохаѕопулос беше министер за одбрана од 1996 до 2001 година и министер за развој од 2001 до 2004 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.