Балкан

Помпео му честиташе на Курти за изборот на премиер на Косово

„Американскиот државен секретар му честиташе на народот на Косово за успешните и демократски избори и го поздрави формирањето на Владата на Косово“, соопштено е од Владата на Косово

Zylfıje Adem Jakupı   | 13.02.2020
Помпео му честиташе на Курти за изборот на премиер на Косово

КОСОВО (AA) - Премиерот на Косово, Албин Курти, прими честитка од државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Помпео и амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Американскиот државен секретар му честиташе на народот на Косово за успешните и демократски избори и го поздрави формирањето на Владата на Косово, надевајќи се на поблиска соработка во постигнување на заедничките цели, како што се владеењето на законот и нормализација на односите со Србија“, соопштено е од Владата на Косово.

И амбасадорот Коснет му честиташе на премиерот Курти за изборот на премиер, нудејќи уште поблиски односи помеѓу Косово и САД во развој на мирот и просперитетот во земјата.

Пратениците на Собранието на Косово на 3 февруари ја изгласаа новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın