Балкан, Коронавирус

Од Ковид-19 во Косово починаа три лица, откриени 197 нови случаи

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.198 лица, додека моментално има 2.478 активни случаи

Agim Sulaj   | 27.10.2020
Од Ковид-19 во Косово починаа три лица, откриени 197 нови случаи

ПРИШТИНА

Во Косово починаа тројца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 669, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 197 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 18.345.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.018 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 89.108 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.198 лица. Моментално има 2.478 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın