живот, Балкан

Наставничка од Косово сака да влезе во Гинисовата книга со најголемото знаме од оригами

Косовското знаме направено со оригами е поставено на површина од 1.216 метри квадратни од страна на Идризи и нејзините ученици, со што имаат за цел да го срушат рекордот на Монголија

Agim Sulaj,Dzihat Aliju   | 17.02.2021
Наставничка од Косово сака да влезе во Гинисовата книга со најголемото знаме од оригами Фото: Erkin Keçi/АА

СКЕНДЕРАЈ (АА) - АГИМ СУЛАЈ -

Арбнора Фејза Идризи, која работи како наставничка во градот Скендерај во Косово, со оригами направи косовско знаме на површина од 1.216 метри квадратни по повод 13-годишнината од независноста на Косово, со што има за цел да влезе во Гинисовата книга, пишува Агенција Анадолија (АА).

Таа исто и во 2018 и 2019 година два пати влезе во Гинисовата книга, додека од јули 2020 година секој ден во просек четири часа работи на диплењето хартиja.

Идризи заедно со десетици свои ученици по 14-часовната работа успеаја овие оригами од хартија да ги постават во спортска сала во ова подрачје.

Косовското знаме направено со оригами е поставено на површина од 1.216 метри квадратни од страна на Идризи и нејзините ученици, со што имаат за цел да го срушат рекордот на Монголија, каде што претходно е направен сличен проект на површина од 1.167 метри квадратни.

Меѓу другото, Идризи во изјава за АА истакна дека со уметноста од Далечниот Исток почнала да се занимава додека била на студии на Универзитетот во Приштина, и дека потоа оваа уметност ја применила во практика.

Според неа, процесот за подготвување знаме трае многу долго, а за него се подготвени 127.400 оригами.

„За секое парче хартија беа потребни 15 техники за оригами. Започнав во јули. Четири месеци, дневно во просек по 4 часа работење, со мојата пријателка Едона го реализиравме тоа. Беше долг процес, но го завршивме на 6 февруари. Знамето е со големина од 1.216 метри квадратни“, рече Идризи.

Таа информира дека за овој проект кој чинелоколу 7.000 евра, добила поддршка од Општина Скендерај и од приватни фирми, додавајќи дека е тешко во Косово да се донесат претставниците на Гинис поради трошоците.

Идризи нагласи дека овој проект ќе биде оценет од страна на жири-комисија создадена од професори по уметност и архитектура, и дека на денот на независноста на Косово ќе се знае дали ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Како што рече Идризи, во случај да го сруши рекордот со овој проект, наградата што ќе ја добие ќе ја посвети на семејствата на загинатите во конфликтот во Косово, како и за семејството на Адем Јашари, еден од основачите и командантите на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Инаку, Идризи за прв пат влезе во Гинисовата книга во 2018 година со најдолгиот цвет во светот направен со оригами, долг 8,7 метри, додека во 2019 година по втор пат влезе во Гинисовата книга со вазна на која биле поставени знамињата на земјите што ја признаа независноста на Косово. Оваа вазна е долга 2,73 метри и широка 2,83 метри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın