Балкан

Муслиманите во регионот го одбележуваат празникот Курбан бајрам

Оваа година поради Ковид-19 не се одржаа централни манифестации, кои се организираа секоја година по повод Курбан бајрам

Ekip   | 31.07.2020
Муслиманите во регионот го одбележуваат празникот Курбан бајрам (Fotoreporter: Furkan Abdula / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА

Во Северна Македонија, Албанија и Косово, како и во другите земји од регионот оваа година муслиманскиот празник Курбан бајрам се одбележува во сенка на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Оваа година поради Ковид-19 не се одржаа централни манифестации, кои се организираа секоја година по повод овој празик.

Граѓаните за утринска молитва (сабах намаз) и за намазот на Курбан бајрам дојдоа во Мустафа Пашината џамија во Скопје како и во другите џамии во земјата.

Пред намазот се учеа молитви, а граѓаните кои не успееја да најдат место во џамијата, намазот го клањаа во дворот на џамиите.

Исто така, граѓаните ги почитуваа мерките преземени против ширењето на Ковид-19, како носење маски и одржување социјална дистанца, а по намазот упатија честитики за бајрам.

Ќенан Исмаили, скопски муфтија при Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, хутбата ја прочита на три јазици, односно на македонски, албански и турски јазик.

Исмаили по завршување на намазот даде изјава за медиумите, кој нагласи дека оваа година Курбан Бајрам се одбележува малку поразлични поради Ковид-19, упатувајќи честитики за Курбан бајрам.

Бајрамските намази во изминатите години во Албанија се извршуваа на плоштадите во земјата, но годинава поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, бајрамскиот намаз за Курбан бајрам се одржа само во џамиите.

Централниот намаз за Курбан бајрам во Албанија се одржа во џамијата „Коконоз" во Тирана.

Во Косово Курбан бајрам се одбележува без клањање на бајрамскиот намаз во џамиите поради епидемиолошката ситуација со коронавирусот.

Како што вчера соопшти претседателот на Исламската заедница на Косово, муфтијата Наим Трнава, клањањето на намазот Курбан бајрам е откажано со цел заштита на јавното здравје на населението. Исто така, откажано е и клањањето во сите џамии во Косово во наредните 10 дена.

Муфтијата апелираше да се избегнат семејните и пријателските посети по повод Курбан бајрам и верниците да се воздржат од ракување при честитање на празникот.

Празникот Курбан бајрам започнува со клањање на Бајрам намаз рано утрината во џамија, а потоа продолжува со колење курбани, симбол на празникот, како и посета на роднините и пријателите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.