Балкан

Министерката Шеќеринска со 18 колеги од НАТО потпиша Меморандум за разбирање

Како што информираат од ресорното Министерство, Меморандумот за разбирање, министерката Шеќеринска го потпиша заедно со 17 министри за одбрана од земјите членки на НАТО, и со својот колега од Финска, партнер на НАТО.

Ivana Ramadanova   | 12.07.2018
Министерката Шеќеринска со 18 колеги од НАТО потпиша Меморандум за разбирање

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска го потпиша Меморандумот за разбирање со кој Македонија се придружува кон Иницијативата за муниција за копнено војување „Smart Defence“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што информираат од ресорното Министерство, Меморандумот за разбирање министерката Шеќеринска го потпиша заедно со 17 министри за одбрана од земјите членки на НАТО, и со својот колега од Финска, партнер на НАТО.

Оттаму велат дека покрај Белгија, како водечка во оваа иницијатива, меѓу потписниците на Меморандумот се Германија, Франција, Данска, Шпанија, Норвешка, Австрија, а од регионот – Словенија и Црна Гора.

„Меморандумот за разбирање воспоставува рамка која обезбедува групирање на националните краткорочни и долгорочни планови за набавки на муниција за копнено војување. Тоа значи дека, работејќи заедно, земјите членки на оваа иницијатива ќе добијат муниција по пониски цени, ќе ги хармонизираат залихите и ќе имплементираат заеднички решенија за складирање на долг рок. Иницијативата за муниција за копнено војување обезбедува подобра интероперабилност на декларираните единици на Армијата на Република Македонија, особено на лесната пешадиска баталјонска група. Иницијативата овозможува заштеда на финансиски средства при набавката на муниција, додека самото членство во оваа иницијатива нема финансиски побарувања“, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Делегацијата на Република Македонија од вчера престојува во Брисел, каде што присуствува на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın