Балкан

Министерката за Европа и Устав на Австрија: „Интеграцијата е долг пат, Албанија направи значителен прогрес“

Министерката за Европа и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, престојува во посета на Албанија, во чии рамки се состана со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка...

Fatjon Cuka   | 06.05.2021
Министерката за Европа и Устав на Австрија: „Интеграцијата е долг пат, Албанија направи значителен прогрес“ Фото: Кабинет на премиерот на Албанија

ТИРАНА (АА) - Министерката за Европа и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, остварува посета на Албанија, во чии рамки се состана со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, државната министерка за односи со Парламентот, Елиса Споропали и главниот преговарач на Албанија со Европската Унија (ЕУ), Зеф Мази, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Џачка и Едштадлер укажаа на потребата за олеснување на ограничувањата на граѓаните по масивната вакцинација во ЕУ и Западниот Балкан.

Џачка повторно го потврди исполнувањето на условите и потребата за одобрување на преговарачкиот кадар и реализирањето на првата меѓувладина конференција со Албанија.

Од друга страна, на онлајн прес-конференција, Едштадлер, Мази и Спиропали се фокусираа на прашањата во врска со европската интеграција на Албанија.

Мази рече дека со австриската министерка разговарале за повеќе аспекти на интеграцијата на Албанија во ЕУ.

„Интеграцијата е долг пат. Албанија направи значителен прогрес“, нагласи Мази, додавајќи дека и порано и сега ја имаат поддршката на Австрија.

„Се наоѓаме пред многу важни одлуки на Унијата. Со министерката разговаравме за одобрувањето на преговарачкиот кадар за Албанија и првата меѓувладина конференција“, истакна Мази.

Министерката Спиропали нагласи дека разговарале многу отворено во врска со прогресот кој го постигнала Албанија за сите приоритети на интеграцијата во ЕУ.

„Република Австрија, и особено министерката, се големи поддржувачи на овој процес за Албанија и Северна Македонија и за целиот Западен Балкан“, рече Спиропали.

Министерката Едштадлер истакна дека кога се работи за процесот на интеграција, приоритет на европската и надворешната политика во Австрија е поддржување на сите држави во Западен Балкан.

„Потребно е реформите да продолжат. Има многу проекти кои се поддржани од Австрија. Тоа е прашање на доверба од страна на ЕУ за да се продолжи со процесот на членство. Ние го правиме максимумот за да ги убедиме нашите пријатели во Европската Унија во врска со тоа дека понатамошните чекори треба да се исполнат најрано во наредните месеци оваа година“, додаде австриската министерка.

Инаку, Едштадлер во рамки на посетата на Албанија, беше примена на средба и од страна на претседателот на Албанија, Илир Мета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın