Балкан

Мемети: Полицијата насилно отстрани 18 бегалци од Табановце

„Во ноќта меѓу 16 и 17 јули, македонската полиција влегла во транзитниот центар во Табановце и насилно ги отстранила од малите куќи 18-те странци, мигранти или бегалци“, истакна правобранителот Мемети

Besar Ademi   | 18.07.2017
Мемети: Полицијата насилно отстрани 18 бегалци од Табановце

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, го претстави извештајот Национален превентивен механизам (НПМ) околу ситуацијата на местата за лишување од слобода, при што истакна дека ноќта меѓу саботата и неделата, македонската полиција отстранила 18 странци од транзитниот центар за бегалци во Табановце, употребувајќи насилство против нив, јавувa Anadolu Agency (AA)

Мемети нагласи дека информациите во канцелариите на Јавното обвинителство стигнале изутрината, преку една невалдина организација, и додаде дека екипа од неговата канцеларија моментално е на теренот за да се истражи споменатиот случај. Тој вели дека употребата на насилство против бегалците при нивното отстранување од малите куќи во кампот е потврдено и од страна на раководителите на кампот.

„Во ноќта меѓу 16 и 17 јули, македонската полиција влегла во транзитниот центар во Табановце и насилно ги отстранила од малите куќи 18-те странци, мигранти или бегалци. Според добиените информации, десет од нив се депортирани во Грција, а другите осум лица успеале да избегаат и се наоѓаат околу транзитниот центар или во селата“, истакна Мемети.

Мемети пренесе дека меѓу лицата кои насилно беа отстранети од транзитниот центар во Табановце е и едно лице што побарало азил во Македонија. Тој додаде дека надлежните органи наместо да им овозможат пристап до правото за азил, насилно ги отстраниле од кампот.

Потсетуваме, на почетокот од минатиот месец, од канцеларијата на УНХЦР во Скопје беше соопштено дека на територијата на Македонија се наоѓаат 41 бегалец кои биле сместени во транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, во Табановце, како и во центарот за барање азил во Визбегово, Скопје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın