Балкан

Курти: Таксите од 100% кон БиХ ги укинуваме без реципроцитет, кон Србија постепен реципроцитет

- Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека Владата на Косово вечерва донесува одлука за постепено воспоставување на реципроцитет со Србија, наместо такси од 100% на увозот на роба, додека на БиХ ги укинуваат таксите без реципроцитет

Zylfije Adem Jakupi   | 31.03.2020
Курти: Таксите од 100% кон БиХ ги укинуваме без реципроцитет, кон Србија постепен реципроцитет

ПРИШТИНА

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека Владата на Косово вечерва донесува одлука за постепено воспоставување на реципроцитет со Србија, наместо такси од 100% на увозот на роба, додека на БиХ ги укинуваат таксите без реципроцитет, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Курти на прес-конференцијата изјави дека Владата вечерва на состанокот ќе донесе одлука за укинување на таксите од 100%, но со постепено воведување на реципроцитет кон Србија, при што одлуката треба да стапи на сила на полноќ.

Тој изјави дека ќе се започне од воспоставување на трговски односи со Србија со почитување на Уставот на Косово и законите на сила, односно на рамноправни односи.

„Фитосанитарните сертификати и придружната документација за прехранбени производи ќе бидат подложени на фитосанитарни контроли на граничните премини и ветеринарни контроли“, рече Курти.

Вршителот на должноста премиер на Косово рече дека оваа одлука ќе ја усвои активната Влада на Косово.

„Ги повикав сите членови на кабинетот да гласаат за оваа одлука, така што таа ќе стапи на сила вечерва на полноќ“, рече Курти, додавајќи дека одлуката ќе биде на сила до 15 јуни кога ќе се преиспита нејзината примена.

Курти нагласи дека таксите од 100% на увоз на робата од БиХ се воведуваат без било какви реципрочни мерки.

„Не сакаме Србија и БиХ да ги третираме на ист начин. Ние знаеме дека БиХ страда од Србија, која против нас се бори однадвор, а со БиХ одвнатре. Нашиот гест на добра волја се надеваме дека ќе наиде на одобрување од тамошниот народ, но сакаме државните власти на БиХ, иако не се признаваме, да одговорат со укинување на таксите“, изјави Курти.

Тој нагласи дека БиХ не го признава Косово како независна земја, како ни Косово БиХ, но дека од косовската страна постои желба БиХ да постои и дека затоа Приштина и Сараево не треба да имаат бариери за движење.

Владата на Косово на 20 март ги укина таксите од 100%на увозот на суровини од Србија и БиХ, а оттогаш најави дека од 1 април во потполност ќе ги укине таксите и ќе воведе реципроцитет.

Таксите од 100% на производите од Србија и БиХ ги воведе поранешниот премиер Рамуш Харадинај кон крајот на 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın