Балкан

Кризен штаб на Србија: Нема попуштање на мерките, влез во земјата со целосна вакцинација

Целосната вакцинација ги подразбира и двете дози на вакцината на „Фајзер“, „Спутник В“ или „Синофарм“, но и една доза на вакцината на „АстраЗенека“, поради подолгиот интервал помеѓу примањето на дозите

Bojana Stojanovic   | 24.03.2021
Кризен штаб на Србија: Нема попуштање на мерките, влез во земјата со целосна вакцинација

БЕЛГРАД (АА) - Влегувањето во Србија ќе биде можно без ПЦР-тест или карантин со потврда за целосна вакцинација со една од вакцините достапни во Србија, но и со една доза на „АстраЗенека“, изјави денеска членот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот и покраински секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

По седницата на Кризниот штаб, тој објасни дека целосната вакцинација ги подразбира и двете дози на вакцината на „Фајзер“, „Спутник В“ или „Синофарм“, но и една доза на вакцината на „АстраЗенека“, поради подолгиот интервал помеѓу примањето на дозите.

Гојковиќ исто така рече дека засега нема ублажување на постојните епидемиолошки мерки, бидејќи и понатаму има голем број новозаразени пациенти.

„Мерките се такви какви што се. Сите мора да сфатиме дека мерките придонесуваат за тоа да немаме голем пораст на новозаразени. До следната седница на Кризниот штаб, нема да се разговара за олеснување на мерките", рече тој.

Како што рече, сите треба да продолжат да се придржуваат до мерките и да се вакцинираат.

Во Србија моментално во сила се мерките според кои не е дозволена работата на угостителските објекти и трговските центри, додека останатите услужни дејности можат да работат до 20 часот, со почитување на мерките за одржување дистанца, а прехранбените продавници до 21 часот.

На дневно ниво се пријавуваат помеѓу 4.000 и 5.000 нови случаи на коронавирусот. Регистрирани се вкупно 561.372 случаи на вирусот, како и 5.002 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın