Балкан, Коронавирус

Косово: 15 починати од Ковид-19, новозаразени 218 лица

Досега вкупно се тестирани 38.803 примероци, од кои 9.492 беа позитивни на коронавирусот, од кои 284 се смртни случаи

Zylfije Adem Jakupi   | 05.08.2020
Косово: 15 починати од Ковид-19, новозаразени 218 лица

ПРИШТИНА

Во последните 24 часа во Косово починаа 15 лица од последиците на коронавирусот (Ковид-19), додека се регистрирани 218 новозаразени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Националниот институт за јавно здравје на Косово соопштено е дека се тестирани 461 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 218 резултираа позитивно, а најмногу се заразени се од општина Приштина, 70 случаи.

Досега вкупно се тестирани 38.803 примероци, од кои 9.492 беа позитивни на коронавирусот, од кои 284 се смртни случаи.

Од Институтот се наведува дека во последните 24 часа се излекувани 156 пациенти, со што бројот на опоравени се зголеми на 5.346.

Моментално, активно се заразени 3.862 случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın