Балкан, Коронавирус

Косово: 12 починати од Ковид-19, новозаразени 654 лица

Од почетокот на епидемијата тестирани се 132.728 лица, од кои 34.940 случаи беа позитивни на коронавирусот, со 926 смртни случаи

Zylfije Adem Jakupi   | 23.11.2020
Косово: 12 починати од Ковид-19, новозаразени 654 лица

ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во изминатите 24 часа во Косово како резултат на Ковид-19 починале 12 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тестирани се 1.542 нови примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 645 резултираа позитивно. Најмногу заразени има во општина Приштина, Призрен и Јужна Митровица.

Во последните 24 часа регистрирани се 353 излекувани лица, со што бројот на оздравени се зголеми на 21.396. Во моментот активни се 12.618 случаи на коронавирусот.

Од почетокот на епидемијата тестирани се 132.728 лица, од кои 34.940 случаи беа позитивни на коронавирусот, со 926 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın