Балкан, Коронавирус

Косово: Регистриран нов рекорд на дневен број починати од Ковид-19

Во изминатото деноноќие дијагностицирани се уште 627 нови случаи на Ковид-19

Agim Sulaj   | 03.12.2020
Косово: Регистриран нов рекорд на дневен број починати од Ковид-19

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа рекордни 22 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.062, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека во изминатото деноноќие дијагностицирани се уште 627 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 41.299.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.510 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 148.213 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 26.453 лица. Моментално има 13.784 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın