Балкан, Коронавирус

Косово: Регистрирани 100 новозаразени со Ковид-19

- Вкупниот број на активни случаи на коронавирусот во Косово изнесува 539

Zylfije Adem Jakupi   | 01.08.2021
Косово: Регистрирани 100 новозаразени со Ковид-19

ПРИШТИНА 

Министерството за здравство на Косово соопшти дека во Косово во последните 24 часа се тестирани 2.849 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 100 биле позитивни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период не е регистриран ниту еден смртен случај предизвикан поради заразеност со Ковид-19. Денес оздравеле тројца граѓани, додека вкупниот број на оздравени изнесува 105.660. Вкупниот број на активни случаи на заразеност во Косово изнесува 539.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Косово тестирани се 736.283 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 108.465 биле позитивни на коронавирус. Од последиците на заразеност со Ковид-19 досега животот го загубија 2.266 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın