Балкан, Коронавирус

Косово: Регистрирани се 701 новозаразен со Ковид-19, починаа 14 лица

- Последните 24 часа во Косово оздравеа 737 лица, вкупно 84.328 од почетокот на епидемијата

Zylfije Adem Jakupi   | 14.04.2021
Косово: Регистрирани се 701 новозаразен со Ковид-19, починаа 14 лица

ПРИШТИНА 

Последните 24 часа во Косово се детектирани 701 лице позитивно на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) од тестирани 4.557 примероци сомнителни на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека починале 14 пациенти од последици предизвикани поради со заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во оваа земја на 2.022.

Од почетокот на епидемијата досега спроведено е тестирање на 486.970 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 99.536 биле позитивни.

Последното деноноќие оздравеа 737 лица, вкупно 84.328 од почетокот на епидемијата.

Во моментов во Косово се активни се 13.186 случаи на заразеност со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın