Балкан, Коронавирус

Косово: Починаа 3 пациенти заразени со Ковид-19, 76 новоинфицирани

Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека се регистрирани 76 нови позитивни случаи, од спроведени 538 тестирани примероци сомнителни на коронавирус

Zylfije Adem Jakupi   | 16.09.2020
Косово: Починаа 3 пациенти заразени со Ковид-19, 76 новоинфицирани

ПРИШТИНА

Во последните 24 часа во Косово животот го загубија 3 пациенти како последица на заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 604, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека се регистрирани 76 нови позитивни случаи, од спроведени 538 тестирани примероци сомнителни на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Косово, спроведено е тестирање на 59.571 сомнителен примерок, при што присуството на Ковид-19 е потврдено кај 14.839 лица. Во последните 24 часа оздравеле 165 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 11.949, додека во моментов бројката на активни случаи изнесува 2.286.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın