Балкан

Косово: Полициска операција на национално ниво во борбата против шверцувањето

- Граѓаните на Северна Митровица, каде што живее мнозинско српско население, се спротивставија на акцијата на полицијата со пуштање сирени од возила, излегување на улица и фрлање солзавец.

Zylfije Adem Jakupi   | 13.10.2021
Косово: Полициска операција на национално ниво во борбата против шверцувањето Фото: Полиција на Косово / Агенција Анадолија

ПРИШТИНА

- Косовската полиција во раните утрински часови започна со спроведување на полициска операција, со цел спречување на криумчарење стока, која вклучува неколку различни локации во четири локации во Косово, Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Сите полициски дејствија се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови, по чија наредба се вршат проверки и претреси на различни локации како што се станбени куќи, деловни простории, магацини за стока и слично“, соопшти косовската полиција.

„Во оваа полициска операција која сѐ уште трае, ангажирани се царината на Косово и единиците на различни полициски профили кои ја поддржуваат оваа полициска операција. Како резултат на интензивните истраги и професионални дејствија на косовската полиција и царина, досега се запленети различна стока и докази, кои служат како материјален доказ“, се наведува во соопштението.

Исто така, се истакнува дека косовската полиција, во соработка и координација со надлежните органи, ќе продолжи да ги извршува своите должности и одговорности на национално ниво, со цел спречување криминални активности, спречување криумчарење стока и уништување криминални групи.

Според локалните медиуми, граѓаните на Северна Митровица, каде што живее мнозинско српско население, се спротивставија на акцијата на полицијата со пуштање сирени од возила, излегување на улица и фрлање солзавец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın