Балкан, Коронавирус

Косово: Од Ковид-19 починаа 2 лица, 43 новозаразени

- Од почетокот на пандемијата, во Косово 15.663 лица беа позитивни на коронавирусот, од вкупно 68.463 тестирани, а 627 лица починаа

Zylfije Adem Jakupi   | 01.10.2020
Косово: Од Ковид-19 починаа 2 лица, 43 новозаразени

ПРИШТИНА

Во последните 24 часа на Косово животот го загубија уште 2 лица како последица на заразување со Ковид-19, додека 123 лица оздравеа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците што ги објави Националниот институт за јавно здравје на Косово, во последните 24 часа спроведено е тестирање на 589 сомнителни примероци на коронавирусот, од кои 43 биле позитивни. Во истиот период животот го загубиле 2 лица како последица на заразување со коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата, во Косово 15.663 лица беа позитивни на коронавирусот, од вкупно 68.463 тестирани, а 627 лица починаа.

Во последните 24 часа оздравеа уште 123 лица претходно заразени со Ковид-19, со што вкупниот број на оздравени во Косово се зголеми на 13.677, додека во моментов активни се 1.359 случаи на заразување со коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın