Балкан, Коронавирус

Косово: Две лица починаа од последици на заразенсот со Ковид-19, 186 новозаразени

- Од почетокот на пандемијата во Косово коронавирусот е потврден кај 17.943 лица, од кои 663 ги загубија животите

Zylfije Adem Jakupi   | 25.10.2020
Косово: Две лица починаа од последици на заразенсот со Ковид-19, 186 новозаразени

ПРИШТИНА

Во последните 24 часа на Косово од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 2 лица, а детектирани се 186 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Косово, од 1.049 тестирања спроведени во последните 24 часа, кај 186 лица е потврден коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата досега, во Косово коронавирусот е потврден кај 17.943 лица, од кои 663 ги загубија животите.

Во последното деноноќие оздравеа 59 лица, со што бројката на оздравени се зголеми на 15.088. Во моментов во оваа земја има 2.192 активни случаи на заразеност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın