Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на случаи со коронавирус се искачи на 91 лице

Во Лаборатотијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт за јавно здравје на Косово од 8 март досега тестирани се над 1.037 сомнителни случаи, од кои вкупно 91 биле позитивни, меѓу кои еден починат и едно излекувано лице

Agim Sulaj   | 28.03.2020
Косово: Бројот на случаи со коронавирус се искачи на 91 лице

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште едно лице е заразено со коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со коронавирусот во земјата се искачи на 91 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во Лаборатотијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт за јавно здравје на Косово од 8 март досега тестирани се над 1.037 сомнителни случаи, од кои вкупно 91 биле позитивни, меѓу кои еден починат и едно излекувано лице.

Инаку, Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, изутрина истакна дека Косово од Светската здравствена организација (СЗО) доби 7.000 нови тестови за откривање на инфектираните лица со коронавирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın