Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на случаи со Ковид-19 се зголеми на 1.083

Денес не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 30

Agim Sulaj   | 31.05.2020
Косово: Бројот на случаи со Ковид-19 се зголеми на 1.083

ПРИШТИНА 

Во Косово се откриени уште 13 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 1.083, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Денес не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 30.

Уште 2 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се зголеми на 843.

Меѓу другото, денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 113 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 14.968.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın