Балкан, Коронавирус

Ковид-19 е причина за смртта на 32 лица во Србија, регистрирани 2.965 новозаразени

- Во болниците низ земјата во моментов се сместени 6.512 пациенти, од кои 219 се на респиратор.

Bojana Stojanovic   | 20.04.2021
Ковид-19 е причина за смртта на 32 лица во Србија, регистрирани 2.965 новозаразени

БЕЛГРАД

Во последното деноноќие 32 лица ги загубија животите од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), а детектирани се 2.965 новозаразени, известува Агенција Анадолија (АА).

Во болниците низ Србија во моментов се сместени 6.512 пациенти, од кои 219 се на респиратор.

Во последните 24 часа извршено е тестирање на 15.562 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 2.965 се позитивни.

Во истиот период животот го загубија 32 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега се зголеми на 6.058. Процентот на смртност изнесува 0,91%.

Досега во Србија се регистрирани 667.937 случаи на зараза со коронавирус.

Вкупната бројка на спроведени тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19 изнесува 3.711.555.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın