Балкан, Коронавирус

Ковид-19 во Северна Македонија: 1.174 новозаразени, починаа 42 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека врз основа на податоците што ги објави Институтот за јавно здравје, во земјата детектирани се 1.174 новозаразени, а животот го загубија 42 заразени,

Oktaj Omeragikj   | 09.04.2021
Ковид-19 во Северна Македонија: 1.174 новозаразени, починаа 42 лица

СКОПЈЕ 

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека врз основа на податоците што ги објави Институтот за јавно здравје, во земјата се детектирани 1.174 новозаразени, а животот го загубија 42 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа во земјата се направени 4.598 тестирања, од кои 1.174 биле позитивни на КОВИД-19. Во истиот период од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 42 лица, додека оздравеа 811 заразени.

Досега во Северна Македонија се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на лица кај кои е дијагностициран коронавирус во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 140.065. Бројката на досега оздравени пациенти изнесува 113.430, а од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 4.150.

Во моментов бројот на активни случаи на заразеност со коронавирус изнесува 22.485.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın