Балкан, Коронавирус

Ковид-19 во Северна Македонија: Детектирани 305 новозаразени, починаа 11 лица

- Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека, според податоците добиени од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, од кои 305 биле позитивни Ковид-19

Oktaj Omeragikj   | 28.02.2021
Ковид-19 во Северна Македонија: Детектирани 305 новозаразени, починаа 11 лица Фото: Агенција Анадолија

СКОПЈЕ

Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека, според податоците добиени од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, од кои 305 биле позитивни Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа оздравеа 167 пациенти, вкупно 91.233 од почетокот на епидемијата во Северна Македонија.

Во последното деноноќие од последици на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 11 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 3.137.

Досега во земјата се спроведени 522.518 тестирања на Ковид-19, од кои 2.533 во последните 24 часа.

Во земјата Ковид-19 е детектиран кај 102.787 лица, од кои 305 во последното деноноќие.

Во моментов во Северна Македонија има 8.417 активни случаи на заразеност со коронавирус.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.