Балкан, Коронавирус

Ковид-19 во Косово: 426 новозаразени, починаа 3 лица

- Починаа 3 лица од последиците на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во Косово на 1.595.

Zylfije Adem Jakupi   | 27.02.2021
Ковид-19 во Косово: 426 новозаразени, починаа 3 лица

ПРИШТИНА

На Косово во последните 24 часа се тестирани 3.454 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 426 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од последиците на Ковид-19 во последните 24 часа починале 3 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Косово се зголеми на 1.595.

Од почетокот на епидемијата досега тестирани се 303.652 примероци сомнителни на новиот тип коронавирус, од кои 68.777 биле позитивни.

Во последното деноноќие оздравеа 205 лица, вкупно 59.643 од почетокот на заразата во Косово.

Во моментов во оваа земја активни се 7.539 случаи на зараза со Ковид-19.


​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın