Ковид-19 во Косово: Детектирани 260 новозаразени, починаа 3 лица
- Во моментов во Косово има 6.706 активни случаи на заразеност со коронавирус

ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово се детектирани 260 лица позитивни на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) од 3.104 тестирани примероци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за здравје на Косово соопшти дека 3 лица починале како последица на заразеност со Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата досега тестирани се 289.004 лица, од кои 66.640 лица биле позитивни на коронавирус. Во последното деноноќие оздравеа 190 пациенти, вкупно 58.359 од почетокот на заразата во оваа земја.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Косово изнесува 1.575 лица. Во моментов во оваа земја има 6.706 активни случаи на заразеност со коронавирус.