Балкан

Како се тргуваше во регионот: Словенија единствена во плус, С. Македонија втора

Покриеноста на увозот со извозот во првата половина од годината во Словенија изнесува 100,3 %, во Северна Македонија 77,3 %, по што следуваат другите држави од регионот, а на последното место е Црна Гора со 15,5 %

Almir Terzic   | 12.08.2019
Како се тргуваше во регионот: Словенија единствена во плус, С. Македонија втора

САРАЕВО

Словенија е единствена држава од регионот која во првите шест месеци од оваа година оствари суфицит во надворешнотрговската размена со странство, а покриеноста на увозот со извозот во оваа земја изнесува 100,3 %. Најнискиот сооднос е забележан во Црна Гора, само 15,5 %, покажува анализата на Anadolu Agency (AA).

Покриеноста на увозот со извозот во првата половина од годината во Северна Македонија изнесува 77,3 %, во Србија 74,7 %, Босна и Херцеговина 59,61 % и во Хрватска 58,6 %.


- Трговија во регионот по држави

Северна Македонија во првите 6 месеци оствари извоз на стока во вредност од 3.564.455.000 долари, а увезе стока во противредност од 4.611.409.000 долари. Покриеноста на увозот со извозот изнесува 77,3 %.

Словенија во периодот од јануари до јуни оваа година забележа извоз на стока во вредност од 16.832.120.000 евра, а увезе стока во вредност од 16.784.217.000 евра. Со тоа, остварен е приход од 47.903.000 евра.

Вкупната надворешна трговска размена на Србија за периодот јануари-јуни изнесува 22.664.100.000 долари, извезена е стока во противредност од 9.690.000.000 долари, со што соодносот меѓу увозот и извозот изнесува 74,7 %.

Во првите шест месеци од годината од БиХ извезена е стока во вредност од 5.829.239.000 конвертибилни марки (3.336.802.134,57 долари), а увезена е стока во противредност од 9.778.750.000 конвертибилни марки (5.597.600.968,75 долари) со што покриеноста на увозот со извозот изнесува 59,61 %.

Вкупниот извоз на Република Хрватска од јануари до јуни 2019 изнесува 54,4 милијарди куни (7.358.507.718,40 евра), додека увозот изнесува 92,9 милијарди куни (12.566.275.129,40 евра), што претставува покриеност на увозот со извоз од 58,6 отсто.

Црна Гора во првите 6 месеци од годината оствари извоз од 192,3 милиони евра, а увоз од 1.239,5 милиони евра, со што покриеноста на увозот со извозот во Црна Гора изнесува 15,5 %.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.