Балкан

Иванов му честиташе на Ердоган за изборната победа

„Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва оствари телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод постигнатиот успехот на предвремените претседателски и парламентарни избори во Република Турција".

Admir Fazlagic  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Иванов му честиташе на Ердоган за изборната победа

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов телефонски му честиташе на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган за победата на денешните претседателски и парламентарни избори, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод постигнатиот успехот на предвремените претседателски и парламентарни избори во Република Турција", објави претседателот Иванов на својот официјален профил на социјалните мрежи.

Како што се наведува во објавата, претседателот Иванов му честитал на Ердоган за победата и освоените изборни резултати и му посакал успешно извршување на претседателската функција.

„Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји", пишува во објавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın