Балкан

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени го потресе грчкиот град Лариса

Епицентарот на земјотресот на јачина од 5,9 степени бил 24 километри северозападно од центарот на градот Лариса.

Tevfik Durul   | 03.03.2021
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени го потресе грчкиот град Лариса

АТИНА

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди грчкиот град Лариса, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Атинскиот Институтот за науки за Земјата.

Се истакнува дека епицентарот на земјотресот на јачина од 5,9 степени бил 24 километри северозападно од центарот на градот Лариса.

Според соопштеното, земјотресот се случил во 12:16 часот по локално време, на длабочина од 15 километри.

Три минути по првиот земјотрес, се случил уште еден земјотрес со јачина од 4,4 степени.

Земјотресот со јачина од 5,9 степени бил почувствуван и во грчкиот главен град Атина.

Сеуште нема информации дали има жртви или материјална штета.

Од друга страна, Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека земјотресот во Грција бил со јачина од 6,2 степени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın