Балкан

Започна проектот „Заедничко османлиско наследство“

„Ние сакаме нашите браќа тука и во Турција да стекнат заедничка историска свест. Откако тие заедно ќе ја градат иднината, сакаме заедно да го истражуваат минатото, и од тоа да извлечат една заедничка иднина", рече Ерен.

Dzihat Aliju  | 19.01.2019
Започна проектот „Заедничко османлиско наследство“ (Foto: Vedat Abdul/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечерва започна проектот насловен „Заедничко османлиско наследство“ организиран од страна на Здуржението за едукација и идеи Фетах Ефенди од Скопје, со поддршка на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), јавува Anadolu Agency (AA).

Церемонијата за отварање на овој проект се одржа на конференциската сала на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје, а присутен беше претседателот на YTB, Абдулах Ерен, како и претставниците на турските институции и организации во земјата, професори како и студенти.

Претседателот на YTB, Абдулах Ерен, во изјава за медиумите, се осврна на своите средби во Македонија, каде рече дека се состанал со бројни министри во Македонија.

Ерен нагласи дека во секоја земја на Балканот организираат програма наречена Балканска младинска школа на YTB, и дека во Македонија ја започнале активноста „Заедничко османлиско наследство“.

Ерен рече дека овој проект за кој станува збор, вклучува семинари, панели, работилници, кој ќе трае 12 месеци.

„Ние сакаме нашите браќа тука и во Турција да стекнат заедничка историска свест. Откако тие заедно ќе ја градат иднината, сакаме заедно да го истражуваат минатото, и од тоа да извлечат една заедничка иднина, и на овој начин да ја прокоментираат историјата. Затоа ги започнавме овие активности“, додаде тој.

Ерен информираше дека проектот ќе се организира во осум балкански земји, и рече дека им даваат важност на младите. Според него, откако Балканската младинска школа ќе заврвши во осумте балкански земји, тоа ќе го крунисаат со една централна финална програма на крајот на годината.

„Покрај тоа, организираме пректи за стипендии за меѓународни студенти. Имаме план во наредниот период да го зголемиме бројот на стипендиите за студентите од Балканот“, истакна Ерен.

„Имаме програми за развивање на капацитетите на невладините организации. Правиме се за да им помагаме на сите наши сонародници, и муслимански браќа на Балканот“, додаде тој.

Претседателот на Здуржението Фетах Ефенди, Севба Абдула, истакна дека проектот „Заедничко османлиско наследство“ го организираат со цел да се воспостави поправедна врска со османслиската историја, која според него, е еден период кој не може да се игнорира од страна на балканските народи.

Абдула нагласи дека со игнорирање на осламлискиот период, балканските народи ќе останат нецелосни во изградбата на својот идентитет и историја.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем рече дека е од особена важност што овој проект се организира во ИБУ, и дека заедно со сите институции на Турција реализираат активности кои ќе бидат од корист во Македонија.

„Со истиот менталитет од османлиското наследство, Република Турција прави се за да биде корисна за своите браќа. Упатувам благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој беше пионер за да добрите активности дојдат тука“, додаде Ердем.

По одржаните говори, професорот од Универзитетот Меденијет од Истанбул, проф. д-р Ихсан Фазлиоглу, одржа семинар на тема „Филозофска и научна историја на Османлиите од аспект на тематиката, методите и целта“.

На веб страницата на Анадолу Агенсу објавен е дел од системот на проток вести (HAS). За целосни вести, ве молиме контактирајтене за претплата.Abonelik için lütfen iletişime geçiniz.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın