Балкан

Жртвите од Приједор: Разочарани поради Приједор, правилна одлука за доживотниот затвор

- Потврдената пресуда на Ратко Младиќ и доживотната казна затвор, меѓу жртвите од Приједор е дочекана со двојни емоции

AA,Adis Karadza   | 09.06.2021
Жртвите од Приједор: Разочарани поради Приједор, правилна одлука за доживотниот затвор

ПРИЈЕДОР 

Потврдената пресуда на Ратко Младиќ и доживотната казна затвор, меѓу жртвите од Приједор е дочекана со двојни емоции, јавува Агенција Анадолија (АА).

Емсуда Мујагиќ, претседателката на Здружението на жени „Со срце до мир“ од Козарец, изјави дека е разочарана затоа што Младиќ не е осуден за геноцидот во Приједор во 1992 година.

„Сепак, сметам дека казната доживотен затвор е правилна“, изјави Мујагиќ.

Суада Алиќ од Приједор изјави дека очекува дека правдата ќе победи кога-тогаш. Таа во војната изгуби девет членови од потесниот круг на семејството, а коските од мажот ѝ сѐ уште не ги пронашла. Разочарана е што Младиќ не е обвинет за геноцидот во Приједор.

Саида Карабашиќ, претседавачот на Здружението „Приједорчанки Извор“, изјави дека очекувале ваква пресуда.

„До последниот здив ќе се бориме за правда и вистина. Се надеваме дека правдата ќе го стигне секој и за Приједор, кој и да го извршил злосторството. Сѐ до сега е дел од правдата за сите“, изјави Карабашиќ.

Емина Нухиќ од Козарец во војната го загуби својот брат, а мажот ѝ преживеа стрелање во Коричанските Карпи. И таа е разочарана поради пресудата поврзана за Приједор.

„Живееме во Приједор и се надеваме дека сите локални злосторници ќе одговараат за сите злосторства“, изјави Нухиќ за АА.

Главниот командант на Република Српска, Ратко Младиќ, вчера беше правосилно осуден на доживотна казна затвор поради геноцидот во Сребреница и други злосторства во Босна и Херцеговина.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.