Балкан

Доктор Сарач со предавање на ИБУ за среќен и здрав живот

Ендер Сарач истакна дека модерниот начин на живот е многу штетен и дека ги уништува душата и телото, спомнувајќи ги брзата храна, вишокот килограми, стресот, загадувањето и генетски модифицираната храна

Abdula Berisha   | 06.11.2019
Доктор Сарач со предавање на ИБУ за среќен и здрав живот Фото: Abdula Berisha/АА

СКОПЈЕ (АА) - На Меѓународниот балкански универзитет (IBU) денеска предавање одржа докторот и автор од Турција, Ендер Сарач, на тема „Како да останеме секогаш млади, среќни и здрави“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во изјава за медиумите пред почетокот на предавањето, Сарач истакна дека модерниот начин на живот е многу штетен и дека ги уништува душата и телото, спомнувајќи ги брзата храна, вишокот килограми, стресот, загадувањето и генетски модифицираната храна.

„Треба да се грижиме за себе кога сме млади или кога сме на средна возраст. Ова е многу важно. Што треба да направиме? Треба повеќе да се храниме со органска храна и помалку со генетски модифицирана храна или храна на која не е сезонска“, рече Сарач.

Тој исто така нагласи дека треба што помалку да се консумира белиот шеќер, да се консумираат непреработени протеини, додавајќи дека треба да се вежба, повеќе да се пешачи и да се води грижа за добар сон.

„Особено по 01:00 или 01:30 часот по полноќ, ние треба да сме во длабок сон, затоа што нашиот најскапоцен хормон, хормонот за раст, се лачи во тоа време на ноќта. Потоа, не треба да легнуваме со полн, туку со празен стомак“, рече Сарач.

Докторот од Турција истакна дека е многу важно „да се сакате себеси и да одржувате позитивна енергија“. Според него, може да вежбате и да водите грижа за начинот на исхрана, но „ако вашето срце не ви е исполнето со љубов, тоа нема да функционира“.

На предавањето организирано од Меѓународниот балкански универзитет (IBU), освен многуте студенти и професори, присутни беа и претставникот на Турската амбасада во Скопје, Гуркан Гезер, претставникот од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Исмаил Алији, генералниот директор на А.Д. „Халкбанк“ Скопје, Билал Суџубаши, заменик-претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет (IBU), Есер Џевахир, членот на Одборот, Јана Марин, како и претставници на невладини организации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.