Балкан

Димитров телефонски разговараше со Дачиќ

„Двајцата министри се согласија за интензивна билатерална соработка и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји“, соопшти МНР на Северна Македонија

Furkan Abdula   | 29.05.2020
Димитров телефонски разговараше со Дачиќ (Foto: Arhiva )

СКОПЈЕ

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Србија и министер за надворешни работи на оваа земја, Ивица Дачиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

„Со српскиот колега беа споделени искуства во борбата со здравствената криза, како и информации за епидемиолошката состојба во Северна Македонија и Србија. Министрите разговараа и за плановите за натамошно ублажување на рестриктивните мерки, притоа запазувајќи го јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Како што стои во соопштението, Дачиќ информирал дека веќе не е потребна посебна согласност за влез на странски државјани во Србија и дека преминувањето на српските граници, сега се одвива според вообичаен режим.

„Двајцата министри се согласија за интензивна билатерална соработка и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји“, се нагласува во соопштението, и се додава:

„Во таа смисла, министерот за надворешни работи Димитров ја прифати поканата на министерот за надворешни работи Дачиќ да оствари официјална посета на Србија во наредниот период, кога условите тоа ќе го дозволат“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.