Балкан, Коронавирус

Грешка со тестирање во Бугарија: По фудбалски натпревар утврдено дека 20 лица биле заразени со Ковид-19

- По одигрувањето на натпреварот Царско Село - Черно Море, кој е игран во четвртокот, утврдено е дека еден од играчите кој настапил на натпреварот бил позитивине на коронавирус

Doğa Kırmızıoğlu   | 06.07.2020
Грешка со тестирање во Бугарија: По фудбалски натпревар утврдено дека 20 лица биле заразени со Ковид-19

СОФИЈА 

По грешката во резултатите од тестирањата на Ковид-19 во Бугарија, дополнително е утврдено дека на коронавирусот се позитивни најмалку 20 лица од клубовите Царско Село и Черно Море кои настапуваат во Првата фудбалска лига, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што пишуваат локалните медиуми, при тестирањето на играчите на коронавирусот пред секој натпревар, направена е сериозна грешка.

Дури по напреварот Царско село - Черно Море, кој е игран во четвртокот, утврдено е дека еден од играчите кој настапил на натпреварот бил позитивен на коронавирус.

Лабораторијата која ги објави тестирањата ден по натпреварот соопшти дека е направена грешка кај дефанзивецот на Џарско Село Мартин Кавдански и дека подоцна е утврдено дека е заразен со коронавирусот.

Во соопштението на клубот Царско Село се наведува дека тестирањата, направени пред натпреварот, покажале дека никој во клубот не бил позитивен на Ковид-19.

Сепак тестирањата по натпреварот покажале дека на коронавирусот позитивни се играчите Ивајло Иванов, Илија Џхамов и Кирил Трохаров.

Според објавите на бугарските медиуми, на коронавирусот е позитивен и Стојне Манолов, сопственикот на Царско Село.

Черно Море денес објави дека кај 16 лица од клубот е откриен коронавирусот, и дека сите заразени се во карантин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın