Балкан

Вучиќ: „Србија го почитува Дејтонскиот договор“

Вучиќ рече дека Србија го почитува Дејтон, што значи и интегритетот на Босна и Херцеговина, но и на Република Српска во нејзини рамки

Bojana Stojanovic   | 19.02.2020
Вучиќ: „Србија го почитува Дејтонскиот договор“

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека политиката на Србија е почитување на Дејтонскиот договор, и оцени дека не е негова работа да го „заузди“ членот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Милорад Додик, јавува Агенција Анадолија (AA).

Повторувајќи дека Србија не се меша во внатрешните прашања на БиХ, Вучиќ рече дека Србија го почитува Дејтон, што значи и интегритетот на Босна и Херцеговина, но и на Република Српска во нејзини рамки.

Како одговор на прашањата на новинарите во Белград, Вучиќ рече дека со ниту една негова изјава за БиХ не ја загрозил Босна и Хецеговина, и дека „не е негова работа да го зауздува Додик“.

Српскиот претседател оцени дека коментарите за неговото „мешање во политиката на БиХ говорат колку е голема желбата на многумина да го покажат виновникот во Србија“.

„Немаат срам што никој не е уапсен за обидот за линч во Сребреница, кога во Србија присуствуваат на собири на кои нашата земја ја прогласуваат за фашистичка и бараат специјални статуси, а немаат право на тоа, а ако некој недоволно го брани она што тие би сакале да го брани, говорат дека е злосторник и автократ“, рече Вучиќ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın